Најискусните принудно на трибините (ФОТО)

Двајца од седумте ракометари кои имаат најголем број на натпревари на двобоите меѓу Вардар и Металург, а уште се дел од двете екипи денеска не можеа да им помогнат на своите колеги.

300x250

Стојанче Стоилов и Игор Карачиќ поради повреда денеска останаа на трибините и оттаму ја следат пресметкат меѓу Вардар и Металург од 1. коло во СЕХА.

Стоилов има скршеница на дланката од дуелот против ПСЖ на турнирот во Стразбур и ќе мора да паузира најмалку до средината на ноември, па неизвесно е дали ќе биде подготвен за да настапи и на вториот дуел против Металург во СЕХА планиран за на почетокот на декември.

Карачиќ, пак, има повреда на градниот кош која го спречи да игра на турнирите во Германија и во Франција во рамки на подготовките за новата сезона. Тој се чувствува подобро, но уште нема дозвола за настап, па затоа денеска беше заедно со Стоилов на трибините и оттаму го следеше првиот дуел во сезоната во СЕХА.