Најдобрите играчи на Прилеп се загреваа за на трибини (ФОТО ВЕСТ)

Денешниот дуел меѓу Бутел Скопје и Прилеп не го донесе ракометот кој сите го очекуваа бидејќи гостите поради административни проблеми не беа во можност да играат во најсилниот состав.

300x250

На теренот за Прилеп имаше осум ракометари, а оние најдобрите иако се загреваа мораа после загревањето да го напуштат теренот.

Најдобрите ракометари на Прилеп откако се загреаја го напуштија теренот и прво минаа извесно време покрај аут линијата, а потоа откако видоа дека работите нема да се сменат се качија на трибините откаде што го следеа натпреварот до крајот.

Инаку, на теренот за Прилеп недостигаа Бозароски, Ангелески, Мачавелов, Тодоровски, Ролевски… а не беа ниту тренерите Пеце Велјаноски и Тони Димоски.