Најдобрите за 11. месец беа на прес: Раул и Марсениќ во тимот на СЕХА за ноември (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес и пикерот Мијајло Марсениќ, кои денеска беа на прес-конференцијата пред мечот против Војводина се најдоа и во тимот на ноември во СЕХА-лигата.

Раул уште еднаш е тренер на месецот и без вистинска конкуренција, додека Марсениќ е најдобриот пивот. Во најдобрите седум се најдоа и голманот на Целје, Алјаз Пањтар како и играчите во поле: Нико Медвед (Горење, лево крило), Бруно Буторац (Татран, десно крило), Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб, лев бек), Саша Баришиќ-Јаман (Нексе, среден бек) и Жарко Марковиќ (ППД Загреб, десен бек).