Најдобриот стрелец на Мешков Брест во СЕХА се пресели во Израел

Најдобриот стрелец на Мешков Брест во СЕХА-лигата и еден од најдобрите ракометари на Србија на позицијата пивот во моментов следната сезона нема да игра во регионалното натпреварување, а својата кариера ја продолжува во Израел.

300x250

Растко Стојковиќ официјално е нов играч на Макаби Ришон Лезион и ќе биде големо засилување за овој клуб. Србинот играше најдобро кога беше најпотребно давајќи 56 голови во девет Ф4 настапи со што е меѓу најпрецизните на завршните турнири.

Стојковиќ со години беше највлијателниот играч во Мешков Брест, посебно во сезоните 2015/16 и 2016/17 кога беше во топ 3 најдобри стрелци во СЕХА-лигата. Договорот со Стојковиќ беше објавен и на официјалната страна на Макаби Ришон Лезион.

Ова за Растко ќе биде единаесеттиот клуб во кариерата откако претходно имаше забележителни настапи во Црвена Ѕвезда, Нордхорн Линген, но и во Келце. Во кариерата од СЕХА лига може да се пофали со 339 голови на 77 натпревари.