Најдобриот стрелец на Ангола му стана соиграч на Борко во Бенфика

Португалскиот клуб Бенфика каде што настапува нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски објави дека склучува договор со анголскиот клуб Примера де Агосту за соработка. Официјално потпишување на договорот ќе биде на први август.

Како дел од договорот во редовите на Бенфика ќе премине најдобриот стрелец на Ангола од последното Светско првенство, Роме Хебо. 26-годишниот пикер имаше одличен настап на првенството што му овозможи трансфер во Европа.

Според договорот во иднина Бенфика ќе продолжи да ангажира играчи од клубот Примера де Агосту. Покрај тоа соработката вклучува и активно учество на Бенфика во подготовка на тренерскиот персонал на водечкиот спортски клуб во Ангола.