Најдобрата од ЕП не менува средина: Вјахирева продолжува со Ростов

Најдобрата ракометарка од последното Европско првенство во Франција – Ана Вјахирева, нема да ја промени средината.

Десниот бек, што може да игра и како десно крило потпиша нов тригодишен договор со рускиот шампион Ростов Дон.

Таа веднаш по континенталниот собир се повреди, па мораше веднаш на операција и нема да игра до крајот на сезоната.

Ростов ќе мора без нејзина помош да се избори за место во завршницата од Лигата на шампионите, а противник ќе му биде незгодниот Ференцварош.