Најдобар меѓу најдобрите: Лазаров заврши како прв стрелец во квалификациите! (ФОТО)

Македонија со победата над Чешка се пласираше на завршницата на континенталниот шамиионат, а по завршувањето на квалификациите за ЕП, капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров е најдобриот стрелец.

Македонскиот „бомбардер“ на дуелот против Чешка постигна 11 гола од 12 обиди, за вкупни 59 погодоци. Зад него на второто место е вардарецот, Вуко Борозан со 50 голови, додека пак третата позиција му припадна на Белгиецот Дамјан Кезиора кој има 41 гол.