Најдоа замена за Кристопанс: Игропуло потпиша за Брест Мешков

Рускиот репрезентативец Константин Игропуло потпиша двегодишен договор со белорускиот шампион Брест Мешков и треба да биде замена за Даинис Кристопанс, кој на лето се сели во Вардар. Игропуло во Белорусија доаѓа од данскиот Колдинг, каде финансиската ситуација не е воопшто сјајна.

Кариерата ја започна во Ставропол, пред да мине три сезони во грчкиот Панелиниос. Четири сезони беше дел од Чеховски Медведи, а во 2009 играше и за каталонскиот гигант Барселона. Потоа патот го однесе и во Бундес Лигата во тимот на Фуксе Берлин, од каде замина во Данска.