Најголемиот грузиски талент доаѓа во Металург! (ВИДЕО)

Од минатогодишниот ростер во Металург имаше многу заминувања, па тимот од Авткоманда, сега ги пополнува празните места. По Поповиќ, Чантурија, Мариќ, Вујовиќ и Ѓорѓески, во Металург доаѓа уште еден грузиски интернационалец.

Според ракометните стручњаци, се работи за најголемиот грузиски талент во овој момент (покрај Сковребадзе кој игра за Монпелје) – Иракли Кбилашвили.

Тој настапува на позицијата среден бек и би требало да биде едно од главните оружја на тренерот Дамир Стојановиќ во претстојната сезона.

Кбилашвили беше член на грузиската репрезентација на последниот ИХФ турнир на нациите и постигна 15 голови од 22 обиди.