Најатрактивниот гол сезонава во ЛШ го има Лука Циндриќ (ВИДЕО)

Фантастичниот гол на Лука Циндриќ против Барселона, со кој Вардар се пласира во историското финале на најелитното ракометно натпреварување на Европа, Лигата на шампионите е прогласен за „број 1“ во топ листата на најатрактивни голови.

Оваа сезона во ЛШ беа постигнати 11.083 гола, а шампион стана нашиот Вардар, откако во финалето славеше победа над ПСЖ од 24:23. Погледнете ги најубавите 30 голови во ЛШ минатата сезона…