Најавите потврдени: Шпанецот останува дел од Келце до следното лето

Репрезентативецот на Шпанија и еден од најдобрите пивоти во светот, Хулен Агинагалде доби нов договор од раководството на Келце и ќе биде дел од оваа екипа до следното лето. Тој го продолжи актуелниот договор за уште една сезона, а во јуни 2020 година дефинитивно ќе го напушти тимот бидејќи на неговото место доаѓа Турно од Нант.

Агинагалде дојде во Келце во 2013 година и со успех настапува за тимот кој е шампион на Полска. Веќе има 36 години, па затоа во тимот бараа помлад ракометар кој ќе го замени. Сепак, со оглед на тоа што Французинот Николас Турно има 24 години, а веќе покажува дека се работи за одличен пивот.

И самиот Агинагалде веќе потврди дека ќе остане и во следната сезона во Келце, а потоа ќе го напушти клубот. Засега не е познато која екипа би можела да биде следната во неговата кариера со оглед на тоа што следната година ќе има 37 години кога ќе го напушти Келце.

Дека Агинагалде ќе остане во Келце до летото во 2020 година стана јасно уште пред месец и пол, а сега само доаѓа до потврда дека тој го продолжува договорот исто како што направија претходно и Алекс Душебаев и Матеуш Јахлевски.