Најавата потврдена: Македонски репрезентативец од денеска во Е. Работник

После објавувањето на трансферот на десното крило од Србија, Милан Ѓукиќ денеска од Е. Работник дојде потврда и за уште еден трансфер и тоа на ракометар кој е дел од репрезентацијата на Македонија.

300x250

Пивотот Никола Маркоски го стави потписот на договорот со Е. Работник, а ова е само потврда на најавите на 24Ракомет дека ракометарот се враќа во македонскиот шампионат. Тој доаѓа од Унгарија од редовите на Орошази и од денеска и официјално е член на битолскиот клуб.

Маркоски ќе биде добро засилување и ќе ја зголеми конкуренцијата на пивотменската позиција, па во Е. Работник сега ќе имаат повеќе избор. Воедно тој ќе биде и засилување за одбраната што значи дека во новата сезона битолчани ќе влезат со уште поголеми амбиции.

Фото: RK Eurofarm Rabotnik (Фејсбук)