Наѓ ги вознемири фановите на Веспрем и унгарската јавност

Во екот на подготовките на националните тимови за настап на Европското првенство во Хрватска, дел од играчите кои нема да играат на континенталниот шампионат, ја одржуваат формата со тренинзи.

300x250

Дел од клубовите кои имаат многу играчи во репрезентациите, немаат кворум за тренинзи, па останатите играчи тренираат самостојно и ја одржуваат формата во пресрет на новите предизвици по крајот на ЕП.

Долгогодишниот репрезентативец на Унгарија, Ласло Наѓ, кој се откажа од националниот тим деновиве тренира со составот на Ференцварош, кој тоа го одбележа и го објави на својот веб сајт, по што следуваа лавина реакции.

Фановите на Веспрем веднаш реагираа на социјалните мрежи и останаа во прашалници дали нивниот миленик ги сменил клупските бои, но веднаш добија одговор дека се работи само за „привремена преселба“ во Ференцварош и дека по ЕП, Наѓ ќе се врати во Веспрем.