Начевски и Николов ќе делат правда во Португалија

Најдобрите македонски арбитри, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе бидат активни и во последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Тие се делегирани да ја делат правдата на натпреварот во Матосињос, меѓу домашната селекција на Португалија и Романија. Натпреварот започнува од 18:00 часот, а Португалците веќе се пласирани на ЕП, па Начевски и Николов нема да имаат тешка задача.

На натпреварот меѓу Полска и Израел, меѓу официјалните лица има Македонец. Марјан Начевски ќе биде делегат на овој натпревар во „Орлен Арена“ во Плоцк.