Нацева: Очекувам да се вратиме на победнички патеки

По поразот од Мец, прв оваа сезона, ракометарките на Вардар ги чека нов предизвик, дуел со германскиот шампион Битигхајм. Иако загубија, вардарки се на првата позиција и имаат можност да останат таму, но ќе мора да победат на задутрешниот дуел. Претседателот на клубот, Гордана Нацева вели дека мора да се победи германскиот тим, да се освои првото место, а со тоа да се добие и полесен противник во четвртфиналето.

300x250

„Очекувам дека со победа ќе ја завршиме главната рунда на домашен терен со што ќе го реализираме нашиот план, а со тоа ќе добиеме полесен тим за противник во четвртфиналето, бидејќи во таа група имаа екипи како Ростов, Ѓер и ЧСМ Букурешт. Нашиот план беше да е биде прв во главната рунда и да се оди на Ф4. Битигхајм е во натпреварувачки ритам, но јас очекувам дека тимот ќе се консолидира по поразот од Мец и со една одлична партија ќе победиме.“ – вели Нацева.

Мечот меѓу Вардар и Битигхајм се игра в петок со почетокот од 19 часот.