Напад во Србија: Претседателот на Алексинац избоден со нож пред ракометарките (ФОТО)

Првиот човек на женската екипа на Алексинац, Ненад Ѓуриќ е хоспитализиран откако добил убодна рана со нож во градниот кош, а претходно бил удиран и со безбол палки. Нема информации од кои причини бил нападнат од неколку момчиња, но последните вести говорат дека веќе е уапсен напаѓачот кој го пробол со нож.

Нападот се случил синоќа околу 20:30 часот. Очевидци велат дека бил нападнат од четворица. Успеал да се одбрани од еден, но не можел од сите и паднал на подот. Бил нападнат додека ракометарките тренирале, а насекаде имало крв по паркетот.

Воедно се вели дека Ѓуриќ направил сè што можел за да ги одбие напаѓачите, но додека се бранел од безбол палките бил прободен со нож во пределот на градите по што напаѓачите избегале.

Повредениот се наоѓа во болница, но е во стабилна состојба, па ќе мине без операција. Напаѓачот е веќе уапсен и за среќа сè минало само со повреда.

Претседалоте на Алексинац веднаш после нападот (Фото: blic.rs)

Инаку, Ѓуриќ е повеќегодишен ММА борец, кој го привлекол вниманието на јавноста откако преку локален портал се обратил до јавноста укажувајќи на проблемите со напади на деца од страна на на силеџии. Останува на полицијата да го расветли случајот и да потврди дали се работело за некаков одговор на тие коментари.

Фото: novostii.rs