Нант убедлив, но Кире пак не беше во состав

Повредата која што Кире Лазаров ја доби на дуелот против Шпанија на Европското првенство во Хрватска и понатаму не му дозволува да се врати на терените и да го облече дресот на Нант во вториот дел од сезоната.

Тој го пропушти дуелот и против Данкерк, но неговите колеги уште еднаш одлично ја завршија задачата.

Нант славеше со убедливи 31:15 при што во првото полувреме беа примени осум, а во второто седум гола.

Инаку, со новите поени тимот на Нант дојде до 19 бода и се наоѓа на 5. место. Во моментов има два помалку од второпласираниот ПСЖ и осум помалку од лидерот Монпеље.