Нант и Лазаров броеја до 45!

По тешката победа над Загреб во Лигата на шампионите, ракометарите на Нант се вратија на домашните обврски и го одиграа натпреварот против Трембле во францускиот шампионат. Славеше Нант во натпревар со 78 постигнати голови, 33:45.

300x250

Лазаров имаше солидна минутажа и беше трет стрелец во победничкиот тим со 6 голови од 9 обиди. Најмногу голови даде Балагер со 10 голови, додека 7 постигна Турна. Нант и Лазаров за времето на викендот ги очекува дуелот со Висла Плоцк на домашен терен во ЛШ.