Нант во победничка атмосфера ќе го чека Вардар, Лазаров се уште надвор од стројот

По разочарувачкиот пораз на гостувањето кај Загреб, ракометарите на Нант се вратија на победничките патеки, откако славеа на гостувањето кај Саран со убедливи 30:39, во натпревар од 15 коло во францускиот шампионат.

300x250

Иако без Кире Лазаров, кој најверојатно нема да игра ниту против Вардар на неделната битка за првото место во групата, Нант оствари висока победа. Најдобар поединец беше шпанското десно крило Давид Балагер кој даде дури 14 голови.