Наместо тренинг, одиме на картинг (ФОТО)

Ракометарките на Ростов Дон по победата над Будуќност во второто коло од главната рунда во Лигата на шампионите можат да дишат полесно.

Со овој триумф рускиот тим е многу блиску до место во четвртфиналето и сега ќе се бори за што подобра позиција на табелата.

Пред натпреварот против данскиот Одензе, тренерот Амброш Мартин се реши наместо тренинг, своите избранички да ги однесе на картинг.

Интересна идеја за тим билдинг…