Награда за одличната партија против “лавовите”: Дибиров во Ол Стар тимот на колото (ВИДЕО)

Вардар остана на второто место во група А во Лигата на шампионите, откако триумфираше на гостувањето кај Рајн Некар од 30-27. Победата на “црвено-црните” не остана незабележана од ЕХФ ТВ и по завршувањето на натпреварите од 11 коло при изборот на најдобрите имаше место и за ракометар на Вардар.

Тимур Дибиров постигна седум гола од девет обиди и се најде во изборот на иделаниот тим на колото. Рускиот интернационалец го предводеше тимот кон седмата победа сезонава со што Вардар останува во трка за второто место, иако теоретски има шанса да биде дури и првопласиран.

На три кола до крај на групната фаза, Вардар е втор на табелата со 15 бода, три помалку од лидерот Барселона, а вардарци имаат еден бод повеќе од Веспрем и од Келце.

Во изборот на најдобрите седум за 11 коло во ЛШ се најдоа:

лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек: Михал Јурецки (Келце)
среден бек: Барис Пуховски (Мотор)
десен бек: Иван Сршен (Загреб)
десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
пивотмен: Јан Колбахер (Рајн Некар Левен)
голман: Венсан Жерар (Монпелје)

Погледнете ги најдобрите потези на најдобрите седум ракометари на колото ТУКА.