Навивач од Австрија им се налути на Хрватите во Пореч

После првиот ден на Европското првенство во Хрватска се појавија еден проблем и тоа во Пореч. Навивач на Австрија е разочаран од организацијата особено при влезот во салата и одлучи тоа јавно да го сподели.

Тој е незадоволен поради тоа што во салата имало само еден влез при кој се направил хаос.

„Се наоѓаме во Пореч, навивачи сме на Австрија и дојдовме да ги бордиме своите. Морам да го споделам ова бидејќи владее организациски хаос. Има само еден влез за 2.000 гледачи. Моравме да чекаме пола час и повеќе додека да влеземе во салта. Бев на многу големи натпреварувања и имам доста искуство, но никогаш не сум видел полоша организација“, вели разочараниот навивач.