Навивачи-сега сте на тест, покажете респект: Вардарки денеска за последен пат ќе бидат крунисани како шампионки

Ракометарките на Вардар денеска за последен пат ќе бидат крунисани како шампионки на Македонија. Од самото формирање на дрим-тимот во 2012 година, ЖРК Вардар ја започна доминацијата во македонскиот и европскиот женски ракомет која за жал симболично ќе треа само до почетокот на следната сезона.

Денеска со почеток од 16:30 часот во СЦ” Јане Сандански” вардарки против Металург го играат својот последен натпревар во македонската ракометна лига. Ова ќе биде уште еден емотивен дуел за “црвено-црните” девојќи кои за последен пат ќе ја освојат титулата шампион на Македонија -шеста во серија.

Влезот на овој натпревар ќе биде слободен, а ова е голема шанса за сите оние на кои нешто им значи Вардар и ракометарките, да дојдат во малата сала на СЦ”Јане Сандански” и со своето присуство да го збогатат овој историски момент.

Меѓу другото од денеска е отворена и “Книгата на славните” во која ќе можете да ја искажете својата благодарност и поддршка за екипата која изминативе пет сезони неизмерно ја радуваше ракометна Македонија. Книгата ќе биде отворена од 16 до 20 мај во Фан шопот на Вардар, од 10 до 22 часот.