Навивачите со порака до ракометарките на Вардар: И нас не боли… (ФОТО)

Ракометарките на Вардар денеска забележаа нова победа во рамки на Лигата на шампионите откако го надиграа тимот на Будуќност и го совладаа со 31:24, а фановите им ставија до знаење дека тие засекогаш ќе бидат во нивните срца.

Транспарентот кој беше покажан на трибините јасно им покажува на ракометарките дека нема да бидат заборавени, а со оглед на тоа што до крајот на сезоната има уште малку натпревари во Лигата на шампионите ќе има уште малку можност за дружење со нив.

Во Скопје ќе бидат одиграни уште два меча и тоа еден во групната фаза и еден во четврт-финалето, а вардарки остануваат главни кандидатки за освојување на титулата во Лигата на шампионите судејќи според формата која што ја покажуваат.