Навивачите на Охрид подготвуваат спектакл за езерското дерби (ВИДЕО)

Екипите на Охрид и на Струга утревечер од 19:30 часот ја обновуваат пресметката во домашното првенство и годинава ќе го имаат првиот дуел во салата во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Ова е дуел од 6. коло кој е дерби на колото и во кој и двете екипи посакуваат триумф. Јасно е дека ќе има големо надигрување и возбудување на теренот и дека ова ќе биде и голем дуел меѓу навивачките групи.

„Рибарите“ покажаа дека нивниот клуб ќе добие голема поддршка од трибините и тоа им го потврдија на последниот тренинг. Се најдоа на трибините и им ставија до знаење на ракометарите дека ќе бидат со нив.

Сигурно дека и „паткари“ ќе дадат свој придонес за одличната атмосфера, но тие се гости на овој дуел. Секако доброто навивање ќе му даде еден голем плус на овој интересен меч.