Мурговска и Хорсенс победија кај Хадстен

Тимот на Хорсенс, каде настапува македонската интернационалка Викторија Мурговска, забележа гостинска победа над составот на Хадстен со 24:32, во натпревар од 17 коло во Првата Дивизија на Данска.

Мурговска беше трет стрелец во победничкиот состав и забележа 3 голови, а имаше и едно исклучување од 2 минути. Хорсенс со оваа победа се проби кон горниот дел на табелата, а следниот предизвик за Мурговска и соиграчите ќе биде дуелот со лидерот Ајакс Копенхаген.