„Моторот“ на Вардар е подготвен за Келце (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар имаа успешна генералка пред гостувањето во Полска кај Келце, а вечерва на свој терен беа подобри од Мотор Запорожје во рамки на СЕХА-лигата и славеа со 44:37.

„Црвено-црните“ имаа тешка средба, но и покрај тоа успеаја да се изборат за добар резултат и на крај да се радуваат на нови три бода.

Сега Вардар го презема врвот во групата А од регионалната конкуренција, а во декември ќе му останат уште три меча – против Војводина и Нексе на гостински терен, додека во Скопје ќе гостува уште Татран Прешов.