Москера останува во Битола до 2021

Младиот колумбиски бек Сантијаго Москера го официјализираше престојот во Еурофарм Работник и наместо до крајот на годината потпиша четиригодишен договор со клубот кој истекува на 1 јуни 2021.

Москера пристигна во Македонија на почетокот на полусезоната, ги одбработи подготовките со тимот, а дебитираше на натпреварот од регуларниот дел од македонската Суперлига, дуелот со Вардар Јуниор. Својот прв гол го постигна на следниот натпревар, против составот на Работнички.

Високите амбиции на новиот македонски суперлигаш оваа сезона им обезбедија пласман во македонскиот плеј-оф како третопласирана екипа од регуларниот тек. Во првото коло од разигрувањето за титулата Еурофарм Работник доживеа пораз на гостувањето во Охрид со резултат 28-23. Следниот предизвик за „фармацевтите“ ќе биде гостувањето во Велес кај Борец.