Мораес: Сакам да ја продолжам серијата на титули во ЛШ и со Веспрем

Бразилецот Рожерио Мораес кој со Вардар два пати стана европски шампион и учествуваше на сите завршни турнири во Келн ги сподели своите и амбициите на Веспрем со јавността. Тој истакна дека сака да ја продолжи низата настапи на Ф4 и да стигне до уште една титула со новиот клуб.

„Сакам да победам на секој натпревар како и секој играч. Играм во Европа четири години и секоја играв на Ф4 во Лигата на шампионите. Ова е мојата главна цел, повторно да играм во Келн. Јас сум првиот Бразилец кој ја освоил Лигата на шампионите и тоа два пати. Навистина сакам да ја продолжам оваа серија и да испишам нова страница од кариерата во Веспрем. Времето што ќе го добијам тука ќе се обидам да го искористам за да посигнам максимални резултати“, изјави Мораес.

Рожерио во Вардар помина три години пред да се пресели во Веспрем летово. Неговото прво искуство во Европа беше во Кил но не успеа да се снајде најдбро.