Монпелје тргна со трофеј во новата сезона

Ракометарите на Монпелје, кои во мај ја освоија титулата во Лигата на шампионите тргнаа одлично во новата сезона и пред почетокот на првенството освоија трофеј во Супер купот на Франција. Натпреварувањето го има името Трофеј на шампионите, а во финалето Монпелје беше подобар од составот на Ст. Рафаел со 32:27.

Ова беше резултат кој беше сосема очекуван бидејќи актуелниот освојувач на Лигата на шампионите влезе како голем фаворит во средбата. Имаше одлична игра и целосна контрола на резултатот така што во ниту еден момент не дозволи да има проблеми околу тоа кој ќе дојде до победа.

Матје Гребил беше во предност кај стрелците и беше убедливо најефикасен со осум погодоци, додека кај противникот Гајдученко со седум гола беше пред другите. Голманите беа со приближно исто постигнување така што успеаја да го потврдат квалитетот и да најават добра сезона.

Со овој трофеј Монпелје најави добра сезона и атак на нов трофеј во сите натпреварувања.