Монпелје рутински против Данкерк, Шамбери и Брестовац без решение за Нант

Во полуфиналните дуели од францускиот куп кои се одиграа денеска, Монпелjе го совлада Данкерк со 28:20, додека Нант ја победи екипата на Шамбери со резултат 28:23. Финалето ќе се одигра на 27 mај во Париз.

Во првото полуфинале се сретнаа Монпелjе и Данкерк, a четвртфиналистот во ЛШ ја оправда фаворитската улога. Го диктираа темпото од почетокот до крајот, па ќе можат да ја бранат титулата од францускиот куп. Одлично поставената одбрана им овозможи лесни погодоци и на полувреме заминаа со предност од 16:9. На идентичен начин продолжи и вториот дел, Доленец форсираше брза игра што беше дополнителен проблем за екипта на Данкерк. Во рутинската завршница Монпелје го совлада Данкерк со конечен резултат 28:20. Најпрецизен на теренот беше Јуре Доленец со 7 постигнати погодоци, а оддличен на голот беше Никола Портнер кој собра 12 интервенции

Во вториот полуфинален меч Шамбери гостуваше на жешкиот терен во Нант каде што домаќините дојдоа до посакуваното финале совладувајќи ја гостинската екипа со 28:23. Уште на самиот почеток тимот на Шамбери покажа дека нема да биде лесен плен, одлично функционираше борбената дефанзивна игра и лесно го наоѓаа патот до голот на Нант.

Во 21 минута резултатот беше 8:9 но феноменалниот Арно Сифер (10 интервенции во првото полувреме) не дозволи изненадување, Нант ја презема контролата и на пауза замина со предност од 3 голови, 15:12. На почетокот на вториот дел Шамбери со нови сили им создаваше потешкотии на домакините па така во 41 минута дојде до ново водство (17:18). Видовме слично сценарио како и во првото полувреме, Нант успеа да ги консолидира своите редови па преку брзата транзиција и лесните голови го вратија резултатот во своја полза и успешно го контролираа до крајот на натпреварот. Кога веќе немаше што да изгуби Ивица Обрван се обиде со играта 7 на 6 но не успеа ништо да промени па Нант се квалификува во финалето совладувајќи го Шамбери со 28:23. Најпрецизен на теренот беше Едуардо Гурбиндо со 9 постигнати погодоци.

Светислав Трајановски/Д.А.