Монпелје и Барселона ќе одиграат пријателски натпревар

Во текот на подготовките за следната сезона Барселона и Монпелје договорија пријателски натпревар, а дуелот ќе се одигра на 14 август  на теренот на Монпелје.

Освојувачот на Лигата на шампионите од 2018 година, во подготвителниот период ќе одигра повеќе пријателски натпревари во градовите на јужниот брег на Франција. Турнејата ќе заврши со натпреварот со Барселона, а тоа сигурно ќе биде најсилната проверка пред почетокот на сезоната.

За следната сезона и двете екипи обезбедија  настап во Лигата на шампионите и од голема корист ќе им биде проверка на силите пред сезоната со икслучително квалитетен противник. Ова особено се однесува на екипата на Барселона која во домашното првенство нема вистински ривал.