Монпелје е класа, а Металург покажа дека има иднина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак го дожиевеа четвртиот пораз во Лигата на шампионите оваа сезона откако по втор пат загуби од фаворитот Монпелје овојпат со 21-27 (14-16). Младите ракометари од Автокоманда покажаа дека можат да се носат со најдобрите, а неискуството и квалитетот на клупата се пресудни за повисоки амбиции.