Момците подготвени за битка: Здравствениот билтен во Македонија е позитивен

Ракометарите коишто се во конкуренција за настап на Европското првенство во селекцијата на Македонија. Сите играчи се подготвени за максимален придонес на теренот така што се очекува да го покажат на теренот она што се очекува од нив.

Докторскиот тим на Македонија е задоволен со оглед на тоа што сите играчи можат да играат и засега можат да го исполнуват она што Раул Гонзалес го бара од нив.

Повредените играчи веќе се подготвени за игра така што Прибак веќе нема проблеми со зглобот, а Филип Лазаров со болките во грбот, па и двајцата ќе можат да одработат на максимално ниво.

Ова значи дека Раул има 19 играчи кои се подготвени за битка против Словенија, но само 16 од нив можат да одиграат на овој меч, а тој веќе се одлучи кои ќе бидат тие.