Многу познати лица на едно место: Во Вардар се запознаа и се венчаа (Фото)

Ова лето е предвидено по се изгледа за свадби на спортистите од Македонија или за спортисти кои биле дел од некој македонски клуб.

Новата двојка која денеска правеше свадба е Сираба Дембеле и Игор Павловиќ. Двајцата се запознаа во времето кога го носеа дресот на Вардар.

Павловиќ го чуваше голот на фудбалскиот клуб од 2014 до 2016 година, додека Дембеле од 2013 до 2016 година беше дел од ракометниот тим. Нивната врска денеска беше крунисана со брак, па Сираба во иднина ќе биде Павловиќ.

Инаку, двајцата во последните две години беа во Ростов, а во новата сезона заедно се селат во Франција.

Од она што може да се забележи од фотографиите немаше поранешни членови на фудбалскиот и ракометниот клуб.