Многумина го отпишуваат, а Вардар во август ќе игра на еден од најпрестижните турнири во Европа

Еден од најпрестижните ракометни турнири -“Eurotournoi” од Стразбур, Франција оваа година се обидува да се врати на старите патеки кога важеше за еден од најголемите подготвителни ракометни турнири.

Иако оваа година важи за една од најтажните од неговото постоење бидејќи пред еден месец почина претседателот и еден од основачите-Кристијан Карл ,сепак првите луѓе се обидуваат да организираат фантастичен турнир и се на добар пат да го направат тоа. Покрај веќе најавените Мешков Брест (Белорусија), М0нпелје (Франција), Веспрем (Унгарија), организаторот како најнови две имиња кои ќе настапат од 23 до 26 август во Стразбур ги најави и Нант и актуелниот европски првак Вардар.

Ова ќе биде враќање за вардарци на престижниот турнир на кој учествуваа во 2013 година.

Кога на еден турнир имате три екипи учеснички на последниот Фајнл-фор во Келн, плус гигантот Веспрем, и одлична екипа како Мешков Брест тогаш сигурно од 23 до 26 август не очекува вистински ракометен празник. Можеби гостувањето во Франција на “Eurotournoi” дава некоја надеж дека Вардар и нема така лесно да отиде во заборав и од европски ракометен гигант многу брзо да се врати на европскиот просек. Останува да видиме како во иднина ќе се одвиваат работите во редовите во редовите на македонскиот шампион.