Младост Богданци со очекувани три бода

Откако тимот на Младост Богданци во минатото коло загуби од ГРК Тиквеш одигра уште еден тежок натпревар овој пат против Весна Акумулатори. Сепак, на крајот се радуваше со 28:26 на победа со што го одржа чекорот за првите четири позиции.

Тимот на Младост имаше одличен старт и поведе со 4:0. Оваа разлика опстојуваше во текот на целото прво полувреме. Во ниту еден момент немаше проблеми за да се одржи оваа разлика, па со неа и се замина на одмор.

После 15:11, во вториот дел работите беа и уште подобри. Младост Богданци стигна до плус шест гола и истите ги одржуваше со 28:22. Тука дојде до опуштање, па тоа гостите го искористија да го ублажат поразот и да го финишираат мечот со негатива од два гола.

Сепак, победата и бодовите останаа во Богданци, па Младост Богданци со ова веќе има 15 поени и е на 4. позиција.

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ            28:26 (15:11)

Сала: „Млаз“ во Богданци. Гледачи: 300. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Тодор Јосмов од Велес.

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ: Јанушев, Паунков, Михајловиќ 1, Манолев, Колевски, Фиданов 3, Пеев 1, Банцалиски 1, Павиќ 1, Роглев 2, Апостоловски, Шарланџиев 4, Динов 5, Стоилов 9, Олумчев, Јанчев 1.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 4 мин.

ВЕСНА АКУМУЛАТОРИ: Петковски 1, Трајковски, Ефтимов 3, Б. Славевски, Стоименовски, Арсов 1, Петров 4, Д. Славевски, Пешовски 5, Илиевски 5, Савковиќ 6, Попов 1, Стојчов, Атанасов.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.