Младост Богданци пред промоција во македонската Суперлига!

Иако забележа прв пораз оваа сезона составот на Младост Богданци го зачува првото место во лигата. Домаќинот Вардар 2 покажа зрелост и квалитет да се спротистави на најдобриот тим за оваа сезона во првата лига. Гостите заминуваат за Богданци со пораз од 30-24 (13-8).

За Вардар 2 беше потребна победа од најмалку осум голови за да може да го превземе врвот на табелата во прва лига(првиот натпревар во Богданци заврши со резултат 27-20) и да обезбеди директен пласман во Суперлигата, но младите ракометари во СРЦ Кале не го остварија својот сон и беа пократки за два гола кои ги делеа од најквалитетното натпреварување. Сега Вардар 2 како второпласиран ќе игра бараж за влез во најсилното натпреварување, а најблиску до баражот меѓу суперлигашите во моментов е Металург 2.

До крајот на првенството остануваат уште три кола, но составот на Вардар 2 се уште треба да го одработи незгодното гостување кај третопласираната екипа, Ринија. Младост до титулата во Прва лига и промоцијата еден ранг повисоко ја делат дуелите со Куманово, Преспа и Спартак.

Вардар 2 – Младост 30-24 (13-8)

Вардар 2: Петковски, Дамчевски, Чакалиќ 3, Крстевски 8, Мишевски 4, Трајковски, Димитров 2, Апостоловски, Гичев 2, Лазов 2, Стојов, Ѓоршовски 2, Брауновиќ, Стошиќ 1, Амзоски 3, Атанасовски 3.

Младост: Лушев, Стоилов 5, Караиванов 7, Динов 9, Арнаудов, Гетов, Лисичков, Ампов, Паунков, Роблев 2, Мацин, Гишев, Ташков, Узунчев 1, Динов.

ФОТО: Денис Дуковски/РКВардар