Младост без бодови си замина од Пробиштип

Рудар го доби неизвесниот дуел против Младост во кој во текот на сите 60 минути имаше резултатска тензија. Домашните беа постојано во предност од гол до два, но гостите од Богданци успеваа да издржат и нијанси пресудија за тоа кој ќе дојде до бодовите на овој дуел.

300x250

Ракометарите на Рудар беа поконцентрирани во завршницаа и го добија последниот напад кога сè се решаваше на оваа средба.

Двобојот влезе во завршница со нерешени 25:25, па Рудар имаше подобра ситуација и го искористи последниот напад, а тоа значеше три бода со што се виде дека во финишот од сезоната составот од Пробиштип игра во добра форма.

РУДАР – МЛАДОСТ       26:25 (13:12)

Сала: „Софија Петровска“ во Пробиштип. Гледачи: 100. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

РУДАР: Милосов, Божиновски, Трајковски, Доневски 1, Славевски, Радевски, Стојанов 1, Тодоров 5, Спасовски 2, Ѓорѓиевски, Младеновски, Гласенчиќ 3, Милевски, Трајковски 9, Ампов 5, Митевски.

Седмерци: 0/2, Исклучувања: 4 мин.

МЛАДОСТ: Јефтовиќ, Димитров, Тасев, Наумовски, В. Караиванов 1, М. Караиванов 8, Крајчев, Гетов 2, Лисичков 7, Џалев 4, Тачевски 3, Костадинов, Кимов.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.