Младите го дишат алжирскиот воздух: Македонија го одржа првиот мундијалски тренинг(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската младинска репрезентација го одработи првиот тренинг во Алжир. Откако денес пристигнаа во африканската земја, младинците предводени од селекторот Илија Темелковски по официјалниот дочек од организаторот и краткиот одмор заминаа кон спортскиот комплекс на Хачене Харча Арената каде во наредните недели ќе ги одиграат мундијалските натпревари од групата Ц. Главниот град Алжир ќе биде епицентарот на светскиот ракомет во наредните две недели.