Младиот голман во нова трка: Ѓорѓески во битка за одбрана на 6. коло во СЕХА (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Даниел Ѓорѓески е во трка за најдобра одбрана во 6. коло од СЕХА-лигата. Тој во финишот од средбата против ППД Загреб успеа да го запре пеналот на Мандалиниќ и со тоа се најде во групата од пет голмани кои конкурираат за најдобра одбрана.

Ѓорѓески брани во добра форма и ова му е втора шанса сезонава да се најде со одбрана на колото бидејќи веќе успеа да добие најмногу гласови при изборот за одбрана на коло уште на стартот од сезоната во СЕХА-лигата.