Младинците стапнаа на алжирско тло (ФОТО)

По пет часа во воздух, младинската машка репрезентација на Македонија веќе е во Алжир. Избраниците на Илија Темелковски заминаа околу 10 часот од Скопје и со прелет преку Истанбул, пристигнаа во алжирската престолнина.

Со оглед на ниската темпертура во Скопје, таму ги пречека барем за 15 степени повисока температура, но младинците ќе имаат помалку од 24 часа да се приспособат на тамошната клима и услови пред првиот меч на Мундијалот, утре од 15 часот против Русија.

По сместувањето и заедничката вечера, од 21 часот ќе се одржи и тренинг.