Младинскиот ЖРК Вардар обезбеди место на европска сцена

Младинскиот тим ЖРК Вардар предводен од Аце Станковски во сезоната што измина во рамките на супер лигата заврши на третата позиција,  со тоа место ЖРК Вардар за следната сезона обезбеди учество на европска сцена. Тимот кој е составен од млади и искусни ракометарки заврши после првопласираната екипа ЖРК Вардар СЦБТ и второпласираната екипа ЖРК Металург.

zrk vardar -vtor tim
Фото-www.zrkvardar.mk

Се уште не се знае дали ЖРК Вардар ќе го задржи костурот на екипата за следната сезона. Три ракометарки од  ЖРК Вардар се најдоја на списокот кај селекторот Ристо Магдинчев за дулеот против Германија,  голманката Драгана Петковска,  и левите бекови Ивана Саздовски и Сара Митова. Доколку ЖРК Вардар одлучи да игра во некој од европските купови,  тоа ќе биде одлична шанса за  сите млади ракометарки од составот да ги покажат своите можности и против европските клубови.