Младинска регионална лига: Спортската академија ремизираше со Будуќност

Ракометарките коишто се дел од Спортската академија на Македонија, а воедно и се репрезентативки одиграа нерешено со домаќинот на првиот турнир во Регионалната лига во женска младинска конкуренција.

Беше одигран израмнет натпревар во кој двата состави се надигруваа. И на двете страни преовладуваше желбата за триумф, но според она што беше прикажано на теренот нерешениот резултат се чини најреален.

И двете полувремиња завршија со идентичен резултат. И Будуќност и Спортската академија на Македонија имаа по 11 погодоци така што на овој дуел сè беше израмнето.

Ова беше одлична можност за младите ракометарки да ги проверат своите квалитети така што сега можат далеку поопуштено да го сочекаат дуелот против Крим кој е в петок од 17 часот.

БУДУЌНОСТ – СА МАКЕДОНИЈА             22:22 (11:11)

Сала: СЦ „Верде“ во Подгорица. Гледачи: 500. Судии: Марко Вујисиќ и Стефан Ивановиќ од Црна Гора.

БУДУЌНОСТ: Мариновиќ, Хетеми, Кнежевиќ 1, Гргуровиќ, Глобаревиќ 2, Ковачевиќ, Радовиќ 3, Годеч 5, Ѓукиќ, Раичевиќ 1, Трифуновиќ, Новаковиќ 4, Џаферовиќ, Нишавиќ 6, Бабовиќ, Вукчевиќ

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.

СА МАКЕДОНИЈА: Илјаз, Кичевска, Николиќ 2, Владева, Божиновска, Калајџиевска 3, Тасевска 2, Смајловска, Филиповска, Илиќ, Божиновска, Граматова 2, Гајиќ 3, Гичевска 9, Трајковиќ 1

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 8 мин.