Младинките пропуштија голема шанса за полуфинале, ќе разигруваат за пласман на ЕХФ шампионатот

Женската младинска репрезентација на Македонија пропушти шанса да се пласира во полуфиналето на ЕХФ шампионатот, откако загуби од домашната селекција на Литванија со…

По првиот дел Литванките водеа со седум голови, 17-10, но како одминуваше времето, така нашите младинки се враќа во игра и на десет минути до крајот беше 20-19.

Беа пропуштени три напади за реми, литванската голмани одбрани два шута и тука беше крајот. Домаќинките зголемија на 22-19 и немаше назад. Конечниот резултат е 24-21.

По овој пораз, за младинките останува да одиграат уште два меча за пласман од 5 до 8 место во Клаипеда.