Младинките последни на турнирот во Будимпешта

Женската младинска репрезентација на Македонија загуби во мечот за третото место на турнирот во Будимпешта, откако Црна Гора беше поуспешна со убедливи 37:23. Дуелот беше решен уште во првиот дел, кога младите Црногорки направија висока предност, 18:11.

Најдобра во македонскиот состав беше Гичевска со 10 голови, а по 3 дадоа Велкова и Иванова. Избраничките на селекторот Борче Марковски во полуфиналето загубија од домаќинот на турнирот Унгарија кој беше и конечен победник на турнирот. Престојот во Будимпешта беше дел од подготовките за настап на ЕП во Словенија, кое ќе се одржи на крајот на јули.

Македонија ќе настапи во силна група против Русија, Хрватска и Норвешка, сите натпревари ќе се одиграат во Целје на крајот на јули.