Михајло Михајловски: Ќе измислиме нешто паметно, за СЕХА да биде уште поквалитетна

Претседателот на СЕХА-лигата, Михајло Михајловски го имаше првото обраќање на завршната прес-конференција по повод финалниот ден во седмата сезона од ова натпреварување. Тој се насочи на сите случувања во последните години и потенцираше дека наоѓањето на стабилен спонзор придонело за лигата да биде она што е денес.

СЕХА-лигата веќе прераснува во многу сериозно и престижно натпреварување што го покажува и фактот што актуелниот првак во Лигата на шампионите е и првак во СЕХА лигата.

„Имам големо задоволство по вторпат во Скопје да бидеме домаќини на фајнл-фор. Причината за тоа е Вардар, кој е актуелен европски првак и има најмногут титули во Сеха. Кога почнувавме пред седум години имаше многумина кои не веруваа дека ќе истраеме. Имавме среќа бидејќи во Гаспром најдовме стабилен спонзор, кој помогна лигата да биде таква-каква што е во моментов. Покрај тоа имаме и канцеларија во Загреб, а ние кои ја водиме оваа лига направивме еден спој за да придонесеме оваа лига да биде она што е денес. Многумина од Европската ракометна федерација не споредуваат дека сме близу до Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Секоја година правиме напори за лигата да биде што е можно подобра и што е можно поорганизирана. Имаме пофалби дека СЕХА-лигата функционира на одлично. Од господинот Видерер имаме признание дека оваа лига функционира на ниво на Лигата на шампионите“, изјави Михајловски.

Тој го потенцираше и фактот дека поголемиот дел од екипите коишто играат во СЕХА се и одлични во ЛШ. Воедно го потенцираше и фактот дека Веспрем кој лани играше во СЕХА и беше на Ф4 турнирот во ЛШ, сега го нема ниту во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

„Веспрем кој играше во лигата и играше и на фајнл-фор, во исто време беше и на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Сега кога се откажа не успеа да се пласира во ЛШ на Ф4. Во СЕХА-лигата имаме 6-8 екипи кои играат и групна фаза во ЛШ. Сакаме реорганизација да го намалиме бројот на натпревари, но да го кренеме квалитетот. Во регионот немаме тимови на ниво на Вардар, Загреб, Брест… но ќе направиме сè лигата да биде поквалитетна, но екипите од 20 да имаат на пример 14 средби во сезоната. Ќе измислиме нешто паметно за СЕХА да биде уште поинтересна. Сакаме сите наши клубови кои играат во СЕХА да бидат уште подобри и подобри“, рече првиот човек на СЕХА-лигата,