Михајло Михајловски за 24 Ракомет: Вардар има силен спонзор кој го направи европски првак (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на Вардар, а сега прв човек на СЕХА-лигата, Михајло Михајловски, во изјава за 24 Ракомет потврди неколку важни работи кои се однесуваат за натпреварувањето и за клубот.

Тој одговори и на едно интересно прашање околу иднината односно дали би се вратил во клубот доколку биде потребно.

„Сè има свој почеток и свој крај. Таква е и мојата приказна со Вардар. Сметам дека Вардар во моментов има голем спонзор. Мене ми беше лесно да се повлечам и да го оставам клубот. Јас сакав да најдам спонзор кој ќе застане зад клубот, но и ќе го направи многу посилен. Господинот Сергеј Самсоненко успеа во тоа и го направи европски шампион“, изјави Михајловски за 24 Ракомет со што потврди дека во моментов нема размислувања за враќање во клубот каде што мина три децении.