Михајловски за 24Ракомет ТВ: Нема место за трета екипа од Македонија во СЕХА (ВИДЕО)

Во просториите на хотелот Ермитраж во Брест се одржа редовното собрание на челниците на СЕХА Гаспром лигата. Веднаш по завршувањето пред новинарите главните поенти од состанокот ги презентираа претседателот на регионалното натпреварување, Михајло Михајловски заедно со членовите на управниот одбор.

Претседателот Михајловски потенцираше дека лигата се движи во вистинска насока, квалитетот е очигледен, а сите учесници се задоволни од условите кои ги нуди. Токму затоа постои интерес од многу големи европски екипи за приклучување кон СЕХА, и затоа претенциозно би било да се бара место за уште една македонска екипа.

Кратката изјава на претседателот Михајловски за 24Ракомет ТВ погледнете ја во продолжение.

ФОТО: ©SEHA/ Uros Hočevar