Митревски: Сè ќе зависи од нас

По стартната победа над Јапонија, македонската машка репрезентација ќе го одигра вториот натпревар од Мундијалот во Германија и Данска против селекцијата на Бахреин. Голманот Никола Митревски вели дека ако одиграме максимално, ќе оствариме победа.

„Тоа што го видовме против Шпанија не е мерило. Ниту Шпанците играа максимало, а и Бахреин играше растоварен. Селекциите на Јапонија и Бахреин гледаат шанса за бодови против нас, па ние добро се подготвуваме за тие два дуели. Против Бахреин ќе влеземе максимлано. Се зависи од нас, ако одиграме добро и квалитетно сигурно ќе победиме“, вели Митревски.

Натпреварот меѓу Македонија и Бахреин се игра денеска во „Олимпијахале“ во Минхен, со почеток во 14:00 часот.